А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ССМ: СДСМ прави упад во синдикалното организирање

by А1он25/09/2015 - 16:40202
Share0

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) преку соопштение реагира на денешната изјава на претседателот на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ Мила Царовска.

Добивај вести на вибер

– ССМ е крајно непријатно изненаден од последниот обид за упад во слободата на синдикалното организирање направен од страна на СДСМ и Мила Царовска, кое е спротивно на Уставот на Република Македонија и на Конвенциите на МОТ за слобода на синдикално организирање, се вели во соопштението.

ССМ, како што се наведува, е демократска организација која самостојно и транспарентно ги уредува внатрешните односи и нема да дозволи ниедна политичка партија да си зема за право да уредува кој синдикат е негов и ќе го земе под закрила, а другите ќе ги етикетира.

Според ССМ, Мултиетничкиот синдикат за образование на Република Македонија (МЕСО) делува спротивно на Статутот на ССМ и не се прокламира како грански синдикат.

– ССМ направи историски чекор со донесувањето на Законот за минимална плата и обезбеди да се спасат 65.000 работници, кои живееја во беда со примања од 4.500 денари. За разлика од просечната плата, која во 2005 година изнесуваше 12.566 денари, денес просечната плата е за над 100 отсто зголемена и изнесува 22.050 денари, стои во соопштението од ССМ.

ССМ заедно со Владата, работодавачите и синдикатите во Македонија, како што се наведува, е една од најретките држави која ги задржа работните места на работниците, ги зголеми платите, пензиите, не дозволи зголемување на пензискиот стаж спротивно на волјата на работниците, обезбеди простор за масовни вработувања…

ssm

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За Мицкоски, протестот на Синдикатите е „вообичаена активност за 1 мај“

Катерина Ѓуровски01/05/2026 - 13:14

„За плата се бориме, не се молиме“, работниците на првомајки протест

Катерина Ѓуровски01/05/2026 - 12:48

Првомајски протест на Синдикатите, посебен режим во Скопје

Катерина Ѓуровски01/05/2026 - 07:44

ССМ организира протест на 1 Мај, ги повика работниците масовно да излезат

Горан Наумовски29/04/2026 - 13:24

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари

Горан Наумовски20/04/2026 - 12:21

Трендафилов: Повеќе од три години откако Дарко Димовски не е повеќе меѓу нас, водат постапки обидувајќи се да докажат дека тој не е претседател на ССМ

Катерина Ѓуровски07/04/2026 - 14:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто