ССМ: Партиите да не ги блокираат работничките закони

Од:

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ги повика политичките партии да престанат со политичките игри на сметка на граѓаните и на остварување на нивните социјални права и на правата на работниците.

Во реакцијата на ССМ предизвикана од блокирањето на работата на Комисијата за труд и социјална политика, се вели дека Комисијата треба да го поттикнува а не да го кочи донесувањето на закони кои се во прилог на работниците.

– Деновиве сите сме сведоци на штетно одолговлекување и свесно создавање хаос во Парламентот, при што најдебелиот крај го извлекуваат работниците, пензионерите и корисниците на социјални права. Кочењето на Комисијата за труд и социјална политика оневозможува донесување редица законски решенија, од чија имплементација корист имаат граѓаните на Република Македонија, на кои треба да се подобри нивниот социоекономски статус и состојбата во која се наоѓаат- сев ели во реакцијата од ССМ.

ССМ, се вели во реакцијата, е загрижен што не се усвојуваат предложените измени во Законот за работни односи, со кои се предвидува забрана на сите облици на дискриминација на жените, при интервјуа за работен ангажман, вклучувајќи го и откажувањето на договорот за вработување на жените кои се веќе работно ангажирани и кои се наоѓаат во состојба на бременост.

– За жал, и после целонеделната преписка претседателката на Комисијата за труд и социјална политика во Собранието и понатаму не размислува да ја откочи нејзината работа и да закаже седница на која предложените законски измени ќе бидат усвоени – велат од ССМ.

– Апелираме во најскоро време да се изнајде решение со која Цветанка Иванова ќе ја одблокира работата на Комисијата и ќе свика седница на која овие измени ќе бидат усвоени, а тоа е во интерес на сите засегнати страни. Доколку таа не изнајде решение бараме тоа да го стори претседателот на Собранието кој не смее да дозволи кршење на Деловникот- нагласуваат од ССМ.

Во време кога постигнуваме значителен напредок во делот на работничките права, се подвлекува, бараме да се обезбеди апсолутен политички консензус по однос на ова прашање, бидејќи само така ќе успееме да ги приближиме нашите закони со оние со европски предзнак, а веруваме тоа е во интерес на Република Македонија, како држава со европски афинитети.

Би можело да ве интересира

ССМ најави протест на 14 март: Една третина од работниците со плата под 30.000 денари

Трендафилов демонстративно ја напушти седницата на ЕСС

Горан Наумовски

Синдикатите ја блокираа Владата, ќе чекаат до крај на месецов на договор за платите потоа ќе одат на генерален штајк

Катерина Ѓуровски

Синдикатите денеска ја блокираат Владата

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Работниците двојно повеќе продуктивни отколку што се платени

А1он