ССМ: Ковид-19 да се признае како професионално заболување за сите работници

Од:

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа побара Ковид -19 да се признае како професионално заболување за сите работници, а на вработените кои ќе отсуствуваат од работа поради оваа болест, да им бидат исплатени 100 проценти од основицата на плата утврдена со закон.

Според ССМ, потребна е заедничка акција на претставниците на работниците и на работодавачите во насока на подигнување на јавната свест за здравите и безбедни услови за работа. Неопходно е и ефикасно делување на инспекциските служби со цел навремено да се откријат слабостите кои треба да се заменат со решенија за унапредување на здравите и безбедни работни места.

– Последиците од пандемијата можат да бидат катастрофални. Апелираме на заедничко, брзо делување на сите релевантни чинители затоа што од сите нас, без исклучок, зависи дали во периодот кој ни претстои ќе бидеме на висината на задачата да преземеме активности кои ќе обезбедат опстанок, изјави секретарот на Советот на Сојузот на синдикати на Македонија, Златко Цветковски на денешната прес-конференција.

Во изминатиот период, прогласување на Ковид-19 за професионално заболување и исплата на 100 проценти плата за заболените побараа и Конфедерацијата на слободни синдикати и Македонското здружение за заштита при работа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За Мицкоски, протестот на Синдикатите е „вообичаена активност за 1 мај“

„За плата се бориме, не се молиме“, работниците на првомајки протест

Првомајски протест на Синдикатите, посебен режим во Скопје

ССМ организира протест на 1 Мај, ги повика работниците масовно да излезат

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари

Трендафилов: Повеќе од три години откако Дарко Димовски не е повеќе меѓу нас, водат постапки обидувајќи се да докажат дека тој не е претседател на ССМ