А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ССМ бара итно донесување на нивните мерки за надминување на кризата

by А1он23/03/2020 - 16:46355
Share0

Сојузот на синдикати на Македонија смета дека исплатата на минимална плата за администрацијата и јавниот сектор може да повлече и исплата и на минимална плата во целиот приватен сектор што ќе се одрази врз егзистенцијата на работниците.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Здравствената криза не смее да премине во криза на пазарот на трудот и истата да биде надминувана на грбот на работниците преку незаконски кратења на нивните плати во овие моменти кога има покачување на сите цени на сите производи, велат од ССМ.

Апелираат да се употребат сите расположливи ресурси за да им се помогне на најранливите категории на граѓани како што се работниците, самохраните родители, самовработените, невработените, социјалните случаи и лицата со посебни потреби.

ССМ бара од Владата без одлагање да го донесе пакетот мерки што го предлагаат како што се мораторум на сите откажувања на договорот за вработување во период од 60 дена и исплата на плати без нивно намалување со одложено плаќање на придонесите за задолжително социјално осигурување со тоа што во рок од шест месеци по надминување на вонредната состојба, средствата ќе бидат уплатени во соодветните фондови. Се предлага и одложување на плаќањето на рати за кредити и репрограм за шест месеци за сите работници, граѓани и компании од приватниот сектор.

Следете a1on на Youtube YouTube

За јавниот сектор се бара секоја мерка што ќе биде преземена да биде согласно Законот за работните односи и Колективниот договор за јавен сектор.

– Гранските синдикати здружени во Сојузот на синдикатите на Македонија не прифаќаат донесување на никаков сет мерки надвор од рамките на ЗРО и Колективните договори од јавниот и приватниот сектор со кои ќе се намалуваат платите на работниците во државата, истакнуваат од ССМ.

koronavirus mkdssm

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За Мицкоски, протестот на Синдикатите е „вообичаена активност за 1 мај“

Катерина Ѓуровски01/05/2026 - 13:14

„За плата се бориме, не се молиме“, работниците на првомајки протест

Катерина Ѓуровски01/05/2026 - 12:48

Првомајски протест на Синдикатите, посебен режим во Скопје

Катерина Ѓуровски01/05/2026 - 07:44

ССМ организира протест на 1 Мај, ги повика работниците масовно да излезат

Горан Наумовски29/04/2026 - 13:24

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари

Горан Наумовски20/04/2026 - 12:21

Трендафилов: Повеќе од три години откако Дарко Димовски не е повеќе меѓу нас, водат постапки обидувајќи се да докажат дека тој не е претседател на ССМ

Катерина Ѓуровски07/04/2026 - 14:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто