А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ССК: Да се избегнуваат напади на компании во предизборната кампања

by А1он03/04/2013 - 14:02188
Share0

Сојузот на стопанските комори (ССК) апелира учесниците во предизборната кампања да избегнуваат напади на компаниите бидејќи тоа можело да  им го наруши угледот и да се одрази на успехот во работата.

Добивај вести на вибер

Повод за апелот, според Мирче Чекреџи од ССК, се нападите на нивната членка, компанијата „Тинекс“.

 – Учесниците во предизборната  кампања имаат свои политички конкуренти и доволно теми за предизборна кампања. Добро би било да избегнуваат напади на компании со што ќе се избегне нанесување  штета на македонската економија. Повод за ова беше нападот на  една од нашите најугледни членки компанијата „Тинекс“ во жарот на политичката борба. Ние сме горди што е наша членка, расте и се развива 20 години во тек на многу влади и од левицата и од десницата, изјави Чекреџи, претставник на ССК.

Според него, секогаш во тек на избори има намалување на бизнис активностите, но, истакнува, тоа е цената која мора да ја плати секоја демократија. Треба само да се трудиме да направиме  правила на игра за тоа да биде во некои нормални рамки.

Во тек на кампањата ССК имале средба  со кандидатите за градоначалници на Центар и на Кисела Вода од владејачката партија,  на нивно барање, но вели  дека би се сретнале со кој било од политичките партии  доколку побараат бидејќи немале заземено страна.

Според  Чекреџи, како еснафска организација не се доволно наметнати со своето влијание во општеството. Кога се работи за креирање на бизнис политиките сметаме дека нашиот глас треба да биде пресуден, но во овие 20 години на самостојна Македонија влијанието на политичките партии е предоминантно во општествениот живот и нивните и одлуки се пресудни и за креирање на економските политики, рече Чекреџи.

Ние сме гласни, додаде, некои наши предлози се усвојуваат, но треба да  имаме пресудно влијание во креирањето на економските политики, како што е искуството во развиените држави.

izborikomori

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 14:12

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Горан Наумовски01/04/2026 - 11:55

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски30/03/2026 - 07:1930/03/2026 - 09:21

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Горан Наумовски23/03/2026 - 14:26

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски23/03/2026 - 07:3123/03/2026 - 07:31

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Горан Наумовски08/02/2026 - 13:50
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто