Српски Курир: Груевски ја продава Македонија за да остане на власт

Од:

Поранешниот премиер на Македнија Никола Груевски и лидер на ВМРО ДПМНЕ е подготвен да го продаде името на својата земја за да остане на власт, пишува српски Курир. во текстот со наслов “Незапамтен скандал, Груевски ја продава Македонија за да остане на власт“.

Иако се голем нпромовира како голем националист и патриот, тој минатата недела се сретна со министерот за надворешни работи на Грција при што интезивно се преговарало за наводно конечното решение на меѓудржавниот проблем кој трае две и пол децении.

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коцијас минатата недела престојуваше во Скопје каде што се сретна со Никола Груевски. Меѓу останатото преговарале и за промена на името Македонија. Груевски со ова се обидува да го искористи како последна карта и да се извлече“, наведува Курир повикувајќи се на наводно добро известени извори.

Овие наводи не зачудуваат со оглед на тоа што пред него време и Викиликс објави документ од 2011 година во кој стои дека некогашниот премиер на Македонија Никола Груевски преговарал за промена на името на својата земја.

Груевски инаку го обвинуваат за корупција, збогатување на сметка на државата, гушење на слободата на медиумите и воспоставување на диктатура во Македонија, пишува српски Курир.

Би можело да ве интересира

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

СДСМ: Сиљановска е во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?

Горан Наумовски

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски