Српски државјанин пронајден мртов во Македонски Брод

Од:

Во Полициската станица Македонски Брод, синоќа во 22:15 часот, дежурниот лекар во итната медицинска помош при локалната Јавна здравствена установа „Здравствен Дом“, пријавил дека од страна на З.Р. (42) од Радовиш бил донесен Д.И.(49) од Србија, со место на престој во Виница, кого го пронашол паднат во бесознание и без знаци на живот на ул.„Кузман Јосифоски Питу“ во Македонски Брод.

Како што соопшти МВР, од страна на дежурниот доктор била констатирана смрт, без видливи траги за насилство.

Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Македонски Брод.

По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип