мбасадорката на Република Србија во Македонија Душанка Дивјак Томиќ се сретна со градоначалникот на општината Ѓорче Петров Сокол Митровски. На средбата, како што информираат од Општината, било разговарано за можностите за поинтензивно културно и економско претставување на општината во Србија.
Како што информира општина Ѓорче Петров, на средбата била потенцирана и досегашната соработка на општината со српските општини Осечина, Кралево и белградската општина Sвездара со кои Ѓорче Петров има одлични односи на сите полиња.
Желбата за постојано интензивирање на соработката беше изразена и од двете страни.
– Македонија е одамна пред прагот на Европската унија и со своите искуства и можности има полесен пристап до Европските фондови од кои може да се настапи со заеднички проекти. Затоа во наредниов период ќе ги насочиме нашите сили заеднички да ги претставуваме сите проекти од значење за нас и нашите српски пријатели во унапредување на соработката која и досега е одлична, изјави градоначалникот Митровски.
Амбасадорката Томиќ, исто така, ја истакна својата подготвеност да помогне во надминување на можни административни пречки и олеснување на постапката од страна на Република Србија во комплетирање на потребната документација за заедничка презентација на проекти со споменатите српски општини пред меѓународните фондови.
Томиќ на градоначалникот Митровски му врачи благодарница за исклучителен придонес во унапредувањето на пријателските односи и заемно разбирање и соработка помеѓу македонскиот и српскиот народ.
Градоначалникот Митровски истакна дека и во иднина ќе работи на надградување на соработката со пријателските општини во Србија. Митровски на амбасадорката и ја подари најновата Монографија за општината Ѓорче Петров.