Средовечен маж повеќепати силувал малолетничка

Од:

49-годишниот Ј.К од селот ов општина Конче бил приведен вчера под сомнение дека во периодот од почетокот на 2022 година па до ноември 2023 година во повеќе наврати силувал малолетничка. Тој ќе биде изведен пред судија на претходна постапка во судот ов Струмица.

– На 30.03.2024 во 17.25 часот полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода Ј.К.(49) од село во општина Конче. Тој се сомничи дека во периодот од почетокот на 2022 година до ноември 2023 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од село во општина Конче. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот и поднесување на соодветна пријава, во текот на денот Ј.К. ќе биде изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица, се вели во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Работник во телекомуникациска компанија загина по пад од бандера во Елшани

Удрил во ѕид, па во полициско возило: уапсен 20-годишник од Студеничани баран за издржување затворска казна

Катерина Ѓуровски

Незаконски продавале отпадно железо, го оштетиле „Тутунски комбинат“ – Прилеп за 54 илјади евра

Катерина Ѓуровски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

ВИДЕО: МВР објави снимка од марихуаната која од Македонија тргнала за Турција ,а беше запленета во Солун

ВИДЕО:Тепачка пред полициската станица во Кочани, четворица приведени