А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Средношколскиот сојуз попладне ќе протестира за комбинирана настава

by А1он31/08/2020 - 12:2731/08/2020 - 12:38489
Share0

Средношколскиот сојуз денеска попладне ќе протестира за учебната година на 1 октомври да почне веднаш со комбиниран модел на настава, а не онлајн, во општините кои немаат многу заразени со коронавирусот.

Следете a1on на Instagram Instagram

Претседателот на Сојузот Бленди Ходаи изјави дека протестот ќе го почнат во 17.30 часот пред Министерството за образование и наука и оттаму ќе продолжат кон Владата пред која ќе имаат обраќања.

Рече дека нема да бараат прием зашто Влаата е запозната со нивните барања и веќе имаа средба со владини претставници, но дека оваа недела очекуваат средба со новата министерка за образование и наука Мила Царовска.

На протестот покрај средношколци од ограноците на Сојузот низ државата, ќе им се придружат и наставници и родители, а поддршка, како што рече Ходаи, имаат и од Првата детска амбасада „Меѓаши“.

Следете a1on на Youtube YouTube

Иницијаторите на протестот се против наставата да почне онлајн во сите средни училишта, како што е планирано, туку со комбиниран модел односно ротирање на средношколците во класовите на секои два дена (следење на наставата онлајн и физичко присуство) и пристапот да не биде централизиран, туку секоја општина да организира модел според епидемиолошката состојба односно број на заразени.

Пред десетина дена претставници на Сојузот имаа средба во Владата, а беа и на состанок со Комисијата за заразни болести на кој, како што рече Ходаи, им било сугерирано дека е побезбедно наставата да ја почнат онлајн, а потоа состојбата ќе се мониторира и во зависност од тоа моделот ќе се менува.

-Ние сакаме децентрализиран пристап, а не една одлука за сите. На пример во Тетово, од каде што сум јас, има многу заразени со КОВИД-19, не треба да се оди во школо и треба ригорозна онлајн-настава. Но ако е некој од Охрид, Ресен или Струга каде што нема многу заразени секој ден, треба да се оди во школо. Не да сме базирани што има Скопје, Куманово или Тетово, додаде претседателот на Средношколскиот сојуз.

obrazovaniesrednoskolci

Би можело да ве интересира

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Горан Наумовски23/02/2026 - 14:49

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски19/01/2026 - 13:1419/01/2026 - 13:20

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

Горан Наумовски02/01/2026 - 13:33

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски08/08/2025 - 10:4108/08/2025 - 11:16

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Горан Наумовски15/07/2025 - 17:00

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

Горан Наумовски29/06/2025 - 13:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео