Средношколскиот пленум – Прилеп: Нема да потклекнеме пред притисоци и закани

Од:

Средношколскиот пленум – Прилеп им се заблагодарува на сите кои денес застанаа на браникот за подобар образовен систем во Република Македонија. Со денешниот масовен марш под мотото СТОП ЗА ЛОШИТЕ РЕФОРМИ, средношколците од Прилеп докажаа дека не се безгласна буква, докажаа дека иднината на образовниот процес е нешто за кое вреди сите заедно да се избориме и да истраеме до конечната цел – поквалитетно образование.

Исто така, Средношколскиот пленум – Прилеп испраќа остра критика до сите оние кои не бираа средства и методи во намерата да го опструираат денешниот марш, згрозени сме од притисоците и заканите, од „ударите под појас“ со кои се соочуваа средношкоците од градов во изминативе неколку дена, од објавата за формирање на Средношколски пленум и најавата на маршот до сега и кои нажалост и понатаму продолжуваат. Уште еднаш гласно им порачуваме, НЕМА ДА ПОТКЛЕНИМЕ ПРЕД ПРИТИСОЦИ И ЗАКАНИ, НЕПОКОЛЕБЛИВИ СМЕ ВО НАМЕРАТА ДА ИСТРАЕМЕ И ДА СЕ ИЗБОРИМЕ ЗА СВОИТЕ ПРАВА, ЗА СВОЈАТА ИДНИНА! Заклучување на врати на средните општински училишта, закани од професори кои очигледно наместо да застанат на страната на своите ученици, решиле да бидат на страната на лошите реформи, директори на училишта кои телефонски им се закануваат на родителите на средношколците кои денес беа дел од масовниот средношколски марш, сето ова е само дел од она со кое мораа да се соочат средношколците во Прилеп. Со ова наместо да ги исплашите и обесхрабрите, вие уште повеќе ги мотивравте средношколците во намерата да се изборат за своите правата и интереси. Ги повикуваме сите кои денес беа спречени или од некои други причини не присуствуваа на маршот да не се плашат и да ни се приклучат затоа што ова е само почеток, затоа што заедно сме посилни. Имаме став – немаме страв!

Средношколски пленум – Прилеп

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците

Берин Мухамед нов претседател на Сојузот на средношколци

Ана Ололовска

Сојузот на средношколци ќе избира нов претседател и Извршен одбор

Ана Ололовска

Сојузот на средношколци поднесе иницијатива до Уставен суд, сите средношколци да имаат бесплатен јавен превоз