„Средношколски пленум“ продолжува со бојкот

Од:

„Средношколски пленум“ ја демантира информацијата објавена во некои медиуми дека средношколците го прекинуваат бојкотот на наставата.

– Не е точна информацијата дека го прекинуваме бојкотот на наставата. Бојкотот продолжува како и досега, а за сите наредни активности навремено ќе ја известиме јавноста. Имаме притисоци, но не се откажуваме од борбата за подобро образование – вели Моника Пешевска од „Средношколски пленум“.

Таа додава дека и информацијата дека ќе има марш в понеделник не е точна, но не ја исклучува можноста повторно да има протести.

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе ги добијат бесплатните билети во матичните училишта

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Средношколците за време на летниот распуст може да користат бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците