„Средношколски пленум“ од утре започнува бојкот на наставата

Од:

„Средношколски пленум“ најавува дека од утре средношколците ќе започнат со бојкот на наставата во средните училишта. Од пленумот повторно го повикаа Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми да ги прими на средба и преговори.

„И соопштуваме на јавноста дека од неделава што следи, „Средношколскиот пленум“ ги радикализира своите мерки и активности околу стопирање на лошите реформи во образованието. Имено, под радикализација подразбираме отпочнување на бојкот на наставата во средните училишта. До започнување со ваква форма на изразување на незадоволството дојде по таканаречената последна опомена која им ја дадовме на надлежните институции, и недобивањето одговор и повратна информација од страна на истите, и покрај нашите неуспешни макотрпни обиди и трудови нашиот глас да биде слушнат, и да стапиме во контакт со институциите, за кои сметаме дека си поиграа со нас и ја изневерија нашата доверба. Воедно, ја користиме оваа можност, повторно да го повикаме Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, да ги прими претставниците на „Средношколскиот пленум“ на средба и преговори, бидејќи во спротивно, ќе продолжиме со нашите активности за изразување на незадоволството и револтот кој е предизвикан кај учениците“, велат од „Средношколски пленум“.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе ги добијат бесплатните билети во матичните училишта

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Средношколците за време на летниот распуст може да користат бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците