Средношколски пленум: МОН прави груб обид да го задуши револтот кај средношколците

Од:

Средношколскиот Пленум најостро го осудува новиот чекор на Министерството за образование и наука (МОН) со кој преку класните раководители се бара согласност од родителите за стапувањето во бојкот, со цел да се изврши задушување на средношколскиот револт.

„Средношколскиот Пленум новата одлука на МОН со која се бара согласност од родителите ја смета за груб притисок врз средношколците, и бојкотот воопшто. Ова, го оценуваме како злоупотребата на моќта на министерството во насока на дејствија против средношколскиот револт кој лошите реформи и ресорното министерство сè повеќе го потпалуваат.

Пленумот напоменува дека ваквите обиди за амортизација на нашата битка, својата неуспешност ја покажуваат на дело. Прашање е, само како министерството се „коцка“ со средношколците и образованието, кога иднината е кај нас? Зарем ќе се загрози и образованието, најефтиниот пат до успехот?!

По негативната кампања и некои професори, преку „викендашката“ Унија, министерството својата неуспешност ќе ја „теши“ во притисоци кон родители. Со ваквите обиди, МОН само ја покажува својата положба, иако во јавноста убедува за спротивното. Барањата на Пленумот се исклучително важни за подобрување на образовниот систем (и на државата, воопшто), нешто за кое и самото министерство е повеќе од свесно. Но, не секој може да го каже тоа.

Но важно е! Ние, можеме! Ние го имаме нашето „ЈАС“. И можеме гласно да кажеме, „СТОП ЗА ЛОШИТЕ РЕФОРМИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО“!“, соопштува Пленумот.

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците

Берин Мухамед нов претседател на Сојузот на средношколци

Ана Ололовска

Сојузот на средношколци ќе избира нов претседател и Извршен одбор

Ана Ололовска

Сојузот на средношколци поднесе иницијатива до Уставен суд, сите средношколци да имаат бесплатен јавен превоз