Средношколски пленум: Дојдете и бидете дел од ДЕСАНТОТ на средношколската мисла

Од:

Денеска во 12 часот, ќе се одржи вториот протестен марш на Средношколскиот пленум. Собирот ќе започне во 12 часот пред Собранието на Република Македонија, а маршот ќе заврши пред МОН.

Овој ден засекогаш ќе остане врежан во историјата на ова општество, напишаа од Средношколскиот пленум:

Средношколците покрај сите неправдини и обиди за манипулација ќе се сплотат во еден дух ! Дојдете и бидете дел од нешто што ќе остави траен белег.

Дојдете и бидете дел од ДЕСАНТОТ на средношколската мисла.

Заедно да оддекнеме во еден глас !

#ПоздравПленумци

Непосредно пред вториот најавен марш на Средношколскиот пленум, средношколците, како што велат, ги дочека шокантна вест: Унијата на средношколци на Македонија која,според нив има неактивен статус од 2013 година успеа само 2 дена откако даде изјава за медиумите да издејствува средба со Раководството на МОН.

Еве ги барањата на Средношколскиот пленум:

Прво барање во кое бара враќање на стариот концепт за полагање државна матура за сите подрачја, без разлика дали станува за природно-математичките, општествено-хуманистичките подрачја или јазично-уметничките подрачја

Второ барање во кое се бара екстерното тестирање да биде ставено во мирување иако во двете барања се бара средба со раководство и дискусија за воведените реформи и иако двете барања беа доставени два пати и иако министерот јавно изјави дека ќе оствари средба со претставници од средношколскиот пленум, такво нешто не се случи. Постојано се обидувавме да стапиме во контакт и да закажеме средба, но сите наши обиди беа неуспешни.

Унијата на Средношколци од 2013 година има неактивен статус. Исто така според истражувањето на Младинскиот образовен форум „Kапитулација, конфузија или отпор – Социјалниот капитал на македонските средношколци“ (МОФ и Реактор, 2010) се увиде дека 70% од испитаните средношколци НЕ се запознаени дали има средношколско организирање во нивните училишта, а 81% никогаш не учествувале во избор на средношколска унија. Следствено е прашањето: кој ја сочинуваа оваа унија на средношколци?

да ви посочиме дека нема да бидеме изманипулирани и нема да дозволиме да не’ поделите! Секој ваш обид за да ни наштетите ќе ни претставува дополнителен мотив да ги бараме нашите права и да се бориме за нашата цел која многу јасно ви ја покажавме! Ние нема да замолчиме, а особено нема сега! Кога вие се обидувате да поделите, па да успеете, ние ќе се солидализираме и ќе ви покажеме дека сме многу, многу посилни отколку што сметавте!

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе ги добијат бесплатните билети во матичните училишта

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Средношколците за време на летниот распуст може да користат бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците