Средношколците во Скопје ќе протестираат во четврток

Од:

Маршеви на средношкоците се одржуваа во повеќе градови, а во четврток во 12 часот и во Скопје. Маршот ќе тргне од Градски парк – фонтана и ќе се движи кон Министерството за образование.

Учениците повикуваат да се соберат во што поголем број со цел да се искаже нивниот револт кон лошите реформи.

„Време е да го отфрлиме туѓото влијание бидејќи образованието ни припаѓа нам! Време е да покажеме дека нема да дозволиме да го уништат образовниот систем за нас и за идните генерации! Затоа дојдете и придружете се!“, повикуваат организаторите.

Тие имаат и кодекс на однесување за време на маршот. Забрането е и стакнување партиски, религиозни и етнички симболи, секаков вид вандализам, палење учебници и сл., уништување на јавен имот, пропагирање на вертикална структура, насилство и говор на омраза, користење алкохол и опојни дроги, оружје и пиротехника.

Средношколците ќе протестираат во Скопје, Тетово, Струга, Струмица, Кочани и Ресен, соопштуваат од Средношколскиот пленум.

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците

Берин Мухамед нов претседател на Сојузот на средношколци

Ана Ололовска

Сојузот на средношколци ќе избира нов претседател и Извршен одбор

Ана Ололовска

Сојузот на средношколци поднесе иницијатива до Уставен суд, сите средношколци да имаат бесплатен јавен превоз