Во очекување на на уште една нова средба помеѓу средношколците и министерството за образование преставниците на наставничкиот пленум ја завршија средбата со евроамбасадорот Аиво Орав.
По средбата профеорите дојдоа во кампот на средношколците. Нив не ги посети евроамбасадорот.
Професорот Владо Димовски соопшти дека Орав го известиле за притисоците и заканите што ги трпат професорите од страна на директорите на средните училишта, за игнорантскиот однос на министерството за образование како и за несогласувањата што ги имаат со СОНК.
Преставниците на наставничкиот пленум го известиле евроамбасадорот за нивните следни чекори но и му посочиле дека средношколците ја имаат нивната безрезервна поддршка.
„Нашите барања во однос на полагањето државна матура и екстерното тестиррање се идентилни како оние на средношколците. Ние сме постојано со нашите ученици и дене и ноќе“, рече професорот Димовски.
Средношколците очекуваат дека на средбата која следи ќе најдат заеднички јазик за дел од барањата кои ги упатија до министерството за образование.
А.Б.