Средношколците од Охрид и Струга се информираа за проблемот со трговијата со луѓе

Од:

Во рамки на превентивната кампања „Што гледаш? Биди нивниот глас“ за актуелизирање на проблемот со трговијата со луѓе, невладината организација „Отворена порта (Ла Страда)“ денеска одржа едукативни средби со средношколци од Охрид и Струга.

Стојна Атанасовска – Димишковска, раководител на НВО „Отворена порта“ што работи на превенција од трговија со луѓе и борба против таквите појави, како и поддршка на жртвите на тој општествен феномен, истакна дека станува збор за активност од превентивен карактер со цел информирање на јавноста за постоењето на проблемот со трговијата со луѓе, а истовремено и да ги поттикнат граѓаните да се информират повеќе за проблемот и да пријавуваат случаи на трговија со луѓе.

– Кампањата предвидува едномесечен караван низ градовите во Македонија, каде преку средби со младите како лица со највисок ризик сакаме да ги информираме за трговијата со луѓе, да зборуваме за превентивните мерки како можат да се заштитат. Исто така да ги поттикнеме да пријават случаи на трговија со луѓе или да побараат информации, рече Атанасовска – Димишковска.

Во текот на месецот на спроведувањето на кампањата ќе бидат објавувани и стории на тема „трговија со луѓе“, а ќе се дистрибуира превентивен, едукативен материјал на фреквентни локации се со цел прашањето на трговијата со луѓе да стане повидливо како општествен проблем.

Податоците говорат дека во Македонија многу мал е бројот идентификувани жртви на трговија со луѓе, но Димишковска вели дека таа бројка не ја дава пошироката слика особено доколку се земат предвид далеку поголемиот број идентификувани жртви во земјите од непосредното соседство.

– Во најголем број жртви на трговијата со луѓе во Македонија целна група се женски лица. Најчесто жртви на трговија со луѓе се лица принудени на сексуална експлоатација, но како форми се јавуваат и случаеви на трудова експлоатација, како и примери на принуден брак, појасни Димишковска.

Караванот на „Отворена порта“ после Тетово, Гостивар, Струга и Охрид продолжува со едукативни средби со граѓаните од Куманово, Штип, Гевгелија и Скопје.

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците

Стејт депратмент: Северна Македонија не ги исполнува целосно стандардите за елиминирање на трговијата со луѓе

Берин Мухамед нов претседател на Сојузот на средношколци

Ана Ололовска

Сојузот на средношколци ќе избира нов претседател и Извршен одбор

Ана Ололовска