„Шу праите со нашето образование?“, „Шу математика, дајте физика“, со овие транспарентни низ улиците на Битола денеска излегоа стотина средношколци кои протестираа под девизата „Стоп за лошите реформи“ во средното образование. Тие маршираа за подобро образование и за подобро општество, а испровоцирани затоа што до сега беа игнорирани од страна на образовните власти.
Стотици средношколци му се приклучија на маршот иако Средношколскиот пленум од Битола деновиве континуирано се жалеше на притисоци и закани.
Маја Васева