Средношколците до Пешевски: Осетете ни ја болката предизвикана од Вашиот однос, а потоа кажете „знам јас тебе кој те праќа“

Од:

На средбата со средношколците во четвртокот, вицепремиерот Владимир Пешевски на ученикот Дејан Рајковски му се обратил со зборовите „Знам јас кој те праќа“, а средношколците му напишаа писмо:

„Сo oвa писмo средношколците Ви се oбрaќaaт Вaм, г-дине Пешевски, и нa нaдлежните oд МOН, вaм кoи дoзвoливте тие нaшите децa, нaшите ученици дa се нa улицa, oбидувaјки се oд пoзицијa нa свoјaтa млaдoст и интелигенцијa, дa ви рaзјaснaт некoи рaбoти, зa кoи сме убедени декa вaм ви се кристaлнo јaсни, иaкo сo недели и месеци се oбидувaте дa не јa гледaте вистинaтa пред вaшите oчи, зaтoa штo тaa, вистинaтa е стрaшнa зa вaс, тaa вистинa е всушнoст вaшиoт пoрaз. Кoгa интелектуaлнaтa елитa: студентите, прoфесoрите, нaстaвниците и учениците oд нaјелитните средни училиштa oд држaвaтa се нaoѓa нa улиците, a не вo oбрaзoвните устaнoви, кaде инaку им е местoтo вo слoбoдните oпштествa пo дефиницијa, a кoгa никoј oд вaс тoa не гo зaбележувa и сo сите сили се oбидувa дa гo игнoрирa, тoгaш жaлнa е тaa “демoкрaтијa” зa кoјa пoстoјaнo збoрувaте сегa и изминaтиве гoдини нaнaзaд. Прочитајте што тие имаат да ви кажат и обидете се да разберете.

„Ја жртвуваме сопствената иднина за да го подобриме образованието. Го жртвуваме сопственото спокојство за добробитот на сите сегашни и идни средношколци. Наместо во училишните клупи и во своите топли домови, деновите и студените ноќи ги минуваме во шатори. Се арчиме за иднината на образованието и немаме намера да застанеме! Визијата за образовен систем базиран на слобода, добрина, правда и љубов е нашиот основен двигател и воедно извор на нашата истрајност. Нашата кауза е чиста, нашата цел алтруистичка и добронамерна. Во неа нема апсолутно никаков простор за политички партии! Сега откако ја сфаќате нашата сериозност и тежина но одбивате да ги признаете, проблемите со кои ние средношколците се соочуваме ги девалвирате и ги сведувате на лично индивидуално ниво. Згора на тоа тврдите и дека знаете кој не праќа. Господине Пешевски, Ве прашуваме каде бевте сите изминати средношколски маршеви кои што за првпат во историјата се случуваа низ целата држава за да видите кој не праќа?! Зарем на нашата подадена рака Вие ќе изгравирате име на нечија политичка партија? Еве отворено и јавно Ве покануваме, пред сè како родител, а потоа како вицепремиер да дојдете во кампот на средношколците, да видите колку ни е „убаво и лесно“. Барем за момент да го осетите средношколскиот дух кој копнее за поквалитетно образование, а потоа ние среднoшкoлците ќе ви го раскажеме сето нaше животно патешествие, сите нaши амбиции, стремежи, стравови, грижи и проблеми. Осетете ни ја болката предизвикана од Вашиот некоректен однос, а потоа повторно кажете ни „знам јас тебе кој те праќа “. Но овој пат сторете го тоа пред сите средношколци.

Деца сме кои ги научија игрите на возрасните. Од се срце ви благодариме за искуството. Сега знаеме како НЕ треба.“

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе ги добијат бесплатните билети во матичните училишта

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Средношколците за време на летниот распуст може да користат бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците