Средношколците бојкотираат настава во седум скопски училишта

Од:

Средношколците од денеска ја бојкотираат наставата во седум училишта во Скопје, како и во други градови низ земјата.

Бојкотот се состои во неодење на настава, празни се училиците каде треба да се одржуваат часовите, а учениците се собираат во холот и ходниците на училиштата каде одржуваа алтернативни активности и дебати.

Меѓу скопските училишта се гимназиите „Орце Николов“, „Јосип Броз Тито“, „Ѓорѓи Димитров“, „Никола Карев“, „Раде Јовчевски Корчагин“, „Кочо Рацин“ и „Георги Димитров“, а штрајкуваат и учениците од ГУЦ „Здравко Цветковски“.

Како што велат учениците причина за нивниот револт е игнорантскиот однос на образовните власти, насила воведените реформи во средното образование кои за нив се штетни, политичките етикетирања на кои се секојдневно мета и дикриминаторскиот однос со тоа што Министерството за образование избра дијалог со во последен момент активираната Унија на средношколците. Тие и понатаму бараат стопирање на екстерното тестирање и враќање на стариот концепт на државна матура. Велат бојкотот на наставата ќе продолжи и следните денови.

11130194_1151082068242661_8089741530850102192_n

11118499_810996808955610_8445593537271174658_n

11088538_1151082124909322_4909120862956839960_n

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе ги добијат бесплатните билети во матичните училишта

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Средношколците за време на летниот распуст може да користат бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците