Средношколци од автомеханичарската струка од Кочани на обука во Атина

Од:

Средношколци, ученици во автомеханичарска струка од Средното општинско училиште „Ѓошо Викентиев“ од Кочани, преку проект финансиран од програмата Еразмус плус ги усовршуваа своите практични вештини и знаења од автомеханичарската дејност.

Во рамки на проектните активности од „Иновативна обука за ученици автомеханичари“ десетина ученици од ова училиште поминаа десетдневна обука во меѓународна автомобилска работилница во Атина, Грција.

– Обуката се реализираше во рамки на проектот финансиран од Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност, преку програмата Еразмус плус на ЕУ и фондацијата „Павел Шатев“. За време на престојот во Атина, учениците имаа можност да се стекнат со практични знаења од она што е нивен образовен профил и струка и се надевам ќе им помогне многу во нивната професија да бидат конкурентни на пазарот на трудот. За усвоените вештини и стекнатото искуство сите ученици добија и меѓународни сертификати, изјави Димче Сребренов, директор на СОУ „Ѓошо Викентиев“ од Кочани.

СОУ „Ѓошо Викнетиев“, како што рече помошник-директорот Владо Симеонов, деновиве доби за реализација уште еден проект од обука на ученици во странство. Имено десет ученика и еден професор од електро струката ќе престојуваат во Португалија.

Обуката на учениците во странство е дел од програмата на ова средно училиште за обучување кадри од повеќе струки и профили кои се застапени во програмата за тригодишно и четиригодишно образование во училиштето. Со кочанските средношколци на обука во Атина престојуваа и по десет ученика од училиштата од Струмица и Крива Паланка.

Во рамките на овој прокет се најавува и размена на наставен кадар со средни училишта од неколку земји од Европа.

Би можело да ве интересира

Екс-директор, двајца вработени и поранешен вработен во „Водовод“ – Кочани ќе одговараат за злоупотреба

А1он

Сведоштва за пожарот и последиците во „Пулс“, судењето продолжува на 2 февруари

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски

Левица: Имотот на газда Деко повреден од згаснатите млади животи во Кочани – виновните тужат, државата бега од одговорност

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип