Средбата Заев – Колоски

Од:

Делегација на СДСМ, предводена од претседателот Зоран Заев, денеска се сретна со раководството на Обединетата Македонска Дијаспора, предводено од претседателот Мето Колоски.

На средбата се разговараше за актуелните случувања и политички теми, а беше акцентирана важноста на градењето консензус по однос на важните прашања за земјава, особено во контекст на евро-атлантските интеграции.

Претседателот на ОМД, Колоски, се заложи за активно учество на претставници на СДСМ на четвртата глобална конференција на ОМД во Скопје, која ќе се одржи од 24 до 27 јули.

Претседателот Заев посочи дека СДСМ е подготвен за реализирање конкретни чекори за продлабочување на соработката со македонското иселеништво во наредниот период, како и можности за остварување средби и во иднина, соопшти СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски