(ВИДЕО) Груевски: И да не оди СДСМ на избори има и друга опозиција

Од:

Премиерот Никола Груевски кажа дека средбата не вродила со никаков резултат затоа што бил соочен со ултиматумот на СДСМ за одржување на предвремени парламентарни избори заедно со локалните.

Тој рече дека сакал да разговара за прочистениот избирачки список и препораките на ОБСЕ , но биле соочени со ултиматум.

На прашањето дали би можело да има втора лидерска средба, Груевски рече „не бегам од никакви средби особено ако треба да помогне на некому да излезе од ситуацијата во која што се нашол“.

Тој кажа дека локални избори ќе има и според него СДСМ ако не оди на избори има и друга опозиција која што ќе излезе на локалните избори.

Според Груевски најголем дел од времето на средбата било потрошено за настаните на 24-ти декември во Собранието, за што тој ја обвини опозицијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски