Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска во својот кабинет го прими амбасадорот на Италија, Н.Е. Карло Ромео.
На средбата, соговорниците разменија мислења за актуелната политичка ситуација во Република Македонија, особено во пресрет на предвремените парламентарни избори на 11-ти декември.
Нагласена е улогата и значењето на создавање на сите неопходни услови за одржување на фер и демократски избори.
Особено е потенцирана улогата на Специјалното Јавно Обвинителство за расчистување на сите случаи на криминал, корупција и незаконско дејствување.
Разгледани се и можностите за билатерална соработка меѓу локалната самоуправа во Република Италија и општина Центар.