Средба Жерновски-Гарет за подготовките за Суперкупот во Скопје

Од:

Општина Центар сака подготвено да ги пречека славните тимови „Манчестер Јунајтед“ и „Реал Мадрид“, како и нивните верни навивачи што ќе дојдат од сите страни на светот за да го следат фудбалскиот натпревар во рамките на Суперкупот на УЕФА.

За сите љубители, со желба поверодостојно да се почувствува атмосферата што ќе се одвива во непосредна близина на Градскиот стадион, Општина Центар подготвува дводневна програма.
На 7 и 8 август, со почеток во 12 часот, на Боемска 1 и 2 ќе бидат поставени видео-бимови и озвучување. Навивачите активно ќе бидат вклучени во програмата и за да се нагласи свечената атмосфера пред натпреварот, предвиден е турнир во „фудбалче на маса“.

Публиката ќе може на бимовите да проследи делови од најдобрите натпревари меѓу двата клуба и ќе може да учествува во коментаторски натпревар. Најуспешните коментатори на последните 3 минути од натпреварот ќе добијат награди. Жонгелирите со топки и мејкап-артистите што ќе ги цртаат лицата на навивачите во боите на тимовите, исто така, се дел од програмата. Фановите ќе може да купат брендирани навивачки реквизити, а ќе настапат и наши познати диџеи со свои сетови.

За подобра координација со навивачките групи на двата клуба, Градоначалникот Андреј Жерновски имаше средба со амбасадорот на Велика Британија во Република Македонија, Н.Е. Чарлс Гарет, при што му беше презентирана дводневната програма. Градоначалникот ги покани амбасадорите на Шпанија и на Велика Британија, заедно со нивните семејства, со навивачите да го проследат натпреварот на Боемска улица, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство