Средба Заев Стафансон: Со граѓаните дејствуваме кон промените по декември!

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Шведска во Р.Македонија, Матс Стафансон, придружуван од заменикот абмасадорот Антон Иреквист.

Клучна тема на состанокот беше реализацијата на обврските од сите политички субјекти за фер предизборен и изборен процес во декември, што се наведува како приоритет број еден за државата и граѓаните.

-СДСМ е целосно посветена кон организирање и спроведување регуларни избори во Македонија, како единствено решение за излез од политичката криза. И Владата мора да ги исполни очекувањата за фер избори, рече претседателот Заев.

Голем дел од состанокот беше посветен и на Програмата на СДСМ и поставеноста на партијата за развој на Македонија.

Претседателот на СДСМ соопшти дека партијата е целосно отворена за граѓаните со коишто на теренот веќе подолг период разговара и дејствува во насока на промените што по декември ќе го кренат животниот стандард и ќе обезбедат економски и демократски развој на земјава.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот