Средба Заев – Стафансон: Нова реформска Влада во Македонија!

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Македонија, Матс Стафансон.

Заеднички е констатирано дека новата Влада во Македонија мора да биде посветена на потребните реформски процеси, нотирани во извештаите на Прибе и на Европската комисија.

– Се гордееме со резултатот, со пенкало и глас поразивме режим. Над 612.000 граѓани во Македонија се изјаснија за промени. Граѓаните, независно на која едничка заедница припаѓаат очекуваат подобрување на квалитетот на живот и примена на европските вредности во Македонија. На тоа се обврзавме во Планот за живот во Македонија и тоа ќе го спроведеме, рече претседателот Заев.

На средбата се разговараше за текот на политичките процеси во земјава, по реализираните предвремени парламетарни избори.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата