Средба Заев-Накане: Поддршка од Јапонија за новата Влада, реформските процеси и евро-атлатските интеграции

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со Казујуки Накане, државен министер за надворешни работи на Јапонија, придружуван од јапонска делегација и од амбасадорката на Јапонија во Република Македонија, Кеико Ханеда.

Јапонскиот министер за надворешни работи, Накане, пренесе честитки на премиерот Заев за стапувањето на должноста претседател на Владата на Македонија и оценка дека со формирањето на новата Влада во Македонија е направен првиот чекор кон стабилност на државата.

„Јапонија ги поддржува отворените реформски процеси во Македонија и интеграциите на Република Македонија во ЕУ и во НАТО. Јапонија е заинтересирана за безбедноста и стабилноста на Западен Балкан и е подготвена на да ги поддржи потребните процеси во овие цели“, соопшти јапонскиот министер за надворешни работи, Накане.

На средбата се разговараше за отворените можности за продлабочување на економската соработка на Република Македонија со Јапонија и за потенцијални инвестиции од Јапонија во Македонија. Јапонскиот министер за надворешни работи, Накане оцени дека постои позитивна клима во Македонија за интензивирање на економската соработка.

„Отворени сме за соработка со Јапонија на секое ниво. Република Македонија е добра дестинација за инвестирање. Владата е ориентирана кон поддршка на бизнисите затоа што нашата цел е отворање нови работни места и квалитетен живот за граѓаните“, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев додаде дека Јапонија за Република Македонија е симбол на работа, пријателство и успех и дека е од интерес на граѓаните и на нашата држава успешните искуства од Јапонија во повеќе области, да бидат применети во Македонија. Се разгледуваше конкретно напредокот што го бележи Јапонија во технологијата, иновациите, туризмот што отвора работни места во државата, а може да биде корисно и за граѓаните на Македонија.

Премиерот Заев во име на граѓаните на Република Македонија и на Владата пренесе благодарност за пријателските односи меѓу Јапонија и Македонија, како и за помошта и поддршката што ја дава Јапонија на граѓаните на Македонија преку донациите во здравствениот систем и стипендиите за студенти во образованието.

На состанокот е потенцирана политичката волја од двете држави за меѓусебна принципиелна поддршка во меѓународните организации, а се разговараше и за интензивирање на парламентарната соработка помеѓу Република Македонија и Јапонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски