Средба Заев-Мултановски: Се случуваат позитивни промени во Македонија, тоа го препознаваат граѓаните и меѓународната заедница

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Република Полска, Јацек Мултановски.

Полскиот амбасадор Мултановски му го честиташе на премиерот Заев преземањето на должноста претседател на Владата на Македонија и оцени дека постои позитивна промена на расположението во Македонија во насока на отворени можности што ги препознаваат и граѓаните, а и меѓународната заедница.

„Нашата цел е пробив во евро-атлантските перспективи затоа што иднината на граѓаните и на Македонија е во Европската унија и во НАТО. Голем реформски процес е пред нас, но со Планот 3 – 6 – 9 започнуваме акција за да ги спроведеме неопходните реформи и да ги отвориме перспективите за луѓето и за државата“, рече премиерот Заев.

На состанокот е изразена поддршка на инклузивните политики што овозможуваат вклучување на сите во неопходните демократски промени, како и за политиките на добрососедство кон што е определена новата Влада.

Амбасадорот на Република Полска потенцираше и дека Полска ја поддржува Македонија во евро-атлантските аспирации.

На средбата беше констатирано дека се создадени услови за продлабочување на соработката меѓу Република Македонија и Република Полска на полето на културата, економијата, трговијата, а се разговараше и за можноста за помош од Полска којашто има искуства во програми коишто се однесуваат на употреба на средства од европските фондови во функција на потреби на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Полска и балтичките земји шират гласини за наводен напад од страна на Белорусија

Руски воен хеликоптер влезе во полскиот воздушен простор, Полска подигна борбени авиони

(ВИДЕО) Сакаше да излезе од паркинг, па удри во шест автомобили

А1он

Во Полска уапсен тинејџер осомничен за планирање терористички напад

А1он

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

Закана од клучниот човек на Путин: „Варшава може да ја снема за 2-3 дена“

Катерина Ѓуровски