Средба Заев – Ји: Ќе пристапиме кон формирање реформска Влада

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска и генералниот секретар Оливер Спасовски денеска се сретна со заменикот помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји, придружуван од амбасадорот на САД, во Р.Македонија, Џес Бејли.

Изразена е поддршка за демократските процеси во Република Македонија, кои по кредибилните избори продолжија со избор на нов собраниски претседател од редовите на парламентарното мнозинство, а ќе резултираат со избор на нова Влада во Македонија.

– Новиот претседателот на Собранието е избран законски и легитимно, согласно Деловникот, законите и Уставот. Продолжуваме да ги движиме процесите посветено и мудро и во следниот период ќе пристапиме кон формирање на новата реформска Влада, рече претседателот Заев.

Тој најави дека Ѓорге Иванов ќе добие известување од новиот собраниски претседател дека постои демократски формирано парламентарно мнозинство и ќе побара од Иванов да постапи според уставната обврска да го даде мандатот за формирање Влада. Исто така постои и Програма на новата реформска Влада којашто гарантира унитарност на државата, почитување на Уставот, евро-атлански перспективи на Македонија, што уште еднаш ќе му биде предочена иако е позната за целата домашна и меѓународна јавност.

– Со тоа се исцрпуваат неразумните барања од Иванов со коишто тој го условува давањето на мандатот. Парламентарното мнозинство има обврска да ја реализира мнозинската волја на 700.000 граѓани изразена на изборите и таа обврска ќе ја исполни, најави претседателот Заев.

Тој рече дека идната Влада е подготвена да соработува со идната опозиција во интерес на реформските процеси, но дека во овој момент е најважно ВМРО-ДПМНЕ да прифати дека е опозиција и да ги прекинат тензиите. На средбата е заеднички осудено насилството во Парламентот кога беа повредени пратеници, новинари, вработени во Парламентот и е констатирана потребата од разум кај сите, за овозможување мирен трансфер на власта. Оценето е дека е од голема важност за напредокот на Македонија, определбата на мнозинството граѓани и нивните претставници во Парламентот за развој на државата во едно општество за сите граѓани коешто ќе обезбеди правда и квалитетен живот за сите. Исто така истакната е потребата претседателите на сите политички партии и институциите да го сфатат својот дел од одговорноста и да дејствуваат во насока на поддршка на демократските процеси во Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Поради неспособност на ВМРО-ДПМНЕ ќе ни изгори државата

Горан Наумовски

СДСМ: Дали корупцијата е главен мотив за предавство на националните интереси со „Казанџи Холдинг“?

(ВИДЕО) Илиевски: Над 20 отсто од територијата на Македонија изгоре во пожари, не му оди на Мицкоски со патриотизмот

(ВИДЕО) Шукова: Скопје повторно ќе го издигнеме, со љубов кон градот и заедништво

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Режим на дело, почнаа нарачаните кривични пријави против кандидатите на СДСМ

(ВИДЕО) Тренчевска: Историска измама, со линеарното покачување власта ги краде пензионерите