Средба Заев – Хан: Избори на 11 декември, сите да ја испочитуваат обврската!

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска и генералниот секретар Оливер Спасовски, денеска се сретна со комесарот за проширување на Европската унија, Јоханес Хан , придружуван од шефот на делегацијата на ЕУ во Р.Македонија, Самуел Жбогар.

Изразена е заедничка согласност дека е неопходно сите политички партии и институции, вклучувајки го и Собранието на Р.Македонија, да ја испочитуваат обврската за слободни фер и регуларни избори на 11 декември.

На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација во Македонија при што е нагласена потребата од реализација на сите договорени услови за организирање и спроведување на договорените предвремени парламентарни избори, овозможување функционирање на правдата, како и за важните реформски процеси за демократизација на Македонија.

-Претставниците на СДСМ во техничката Влада се фокусирани кон заштита на граѓаните и институциите од злоупотреби и на одржување регуларни избори на 11 декември на коишто ќе биде избрана легитимна Влада. Истовремено, Социјалдемократскиот сојуз активно разговара на теренот со граѓаните за мерките што ќе ги преземе новата Влада за подобрување на животот на граѓаните и отворање на перспективите на државата, рече претседателот Заев.

Претседателот Заев објасни дека СДСМ со одлука на највисокото партиско тело, Конгресот, се обврза на планови со конкретни рокови за кревање на животниот стандард на граѓаните, како и за реализација на препораките во Извештајот на Прибе, што ќе овозможат независни институции и правна држава.

На средбата со еврокомесарот Хан, претседателот Заев ја реафирмираше поддршката на СДСМ за законите побарани од Специјалното јавно обвинителство.

Ерокомесарот Хан порача дека Европската унија продолжува одблиску да ги следи состојбите во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226