Средба Заев – Хајндл: Мора да има регуларни избори и правдата да важи за сите

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска доцна попладнето се сретна со специјалниот пратеник на Германија за Македонија, Јоханес Хајндл.

Тема на средбата беше актуелната политичка криза во земјава што ја продлабочуваат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ по одложувањето на изборите на 5 јуни, со едностраните одлуки со коишто го покриваат сопствениот страв од правдата и од регуларни избори, соопшти СДСМ.

Од партијата нагласуваат дека постои заедничка согласност дека во Македонија мора да има само регуларни и фер избори, дека правдата мора да важи подеднакво за сите, дека не смее да се опструира работата на Специјалното јавно обвинителство, или сублимирано, дека од условите во Договорот од Пржино бегање нема, мора да се спроведат.

– Ставот на СДСМ е целосно поништување на аболицијата, како што порачаа ЕУ, САД и целата меѓународна заедница, брзи и регуларни избори, со претходно исполнување на нотираните клучни предуслови, од страна на Влада којашто ќе има легитимитет да организира и спроведе избори. Ова се решенијата за кризата. Слободата и правната држава за СДСМ и граѓаните во Македонија се вредности за коишто отстапки нема – соопшти Заев.

На средбата беа нагласени заложбите на СДСМ во целиот овој процес базирани на почитување на Уставот и законите, коишто се грубо погазувани од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, што уште еднаш се покажа со партиските одлуки на Уставниот суд и на мнозинството во Парламентот, велат од најголемата опозициска партија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“