Средба Заев-Бјорнстад: Македонија напредува кон НАТО и кон ЕУ

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Норвешка, Арни Бјорнстад.

На средбата e констатиран напредок на Македонија кон НАТО и кон европските перспективи. Исто така договорена е поддршка од Кралството Норвешка на Република Македонија во текот на оваа 2017 година, во повеќе области значајни за евро-атлантските интеграции на земјава.

Станува збор за помош од Норвешка во подобрување на административните и законски капацитети на Република Македонија, во судството, за исполнување на условите од поглавјето 24 од Извештајот на ЕК за Македонија, важно за преговарачкиот процес и со приоритет на обвинителската дејност, во областа на животната средина, за исполнување на условите од поглавјето 27, за чиста вода и превенција на храна, во унапредувањето на контролните механизми за заштита од корупција и од злоупотреби на јавните фондови.

Во периодот што престои ќе следува поврзување на институциите во Република Македонија со амбасадата на Кралството Норвешка со цел утврдување на начините за аплицирање за фондовите преку коишто треба да се реализира поддршката.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, се заблагодари на амбасадорот Бјорнстад за целокупната принципиелна помош и поддршка од Кралството Норвешка на демократските процеси во Македонија.

„Стратешки цели на Република Македонија се членството во Европската унија и во НАТО. Новата Влада ја постави државата на евро-атлантскиот пат и презема одгооворност за реализација на потребните реформи преку Планот 3-6-9. Владата е силно посветена да го подигне животниот стандард и да обезбеди квалитетен живот за граѓаните. Граѓаните на Македонија заслужуваат да живеат спокојно, а Република Македонија заслужува да биде дел од демократскиот свет“ рече претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, на средбата со амбасадорот на Кралството Норвешка, Арни Бјорнстад.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски