Средба за потребата од мерки за заштита на жртви на насилство на локално ниво

Од:

Во организација на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство и Здружението на еднородителски семејства „Една Може“ денеска ќе се одржи регионална средба за кандидати за градоначалници и носители на советнички листи за Скопскиот регион, на која ќе биде претставена потребата од преземање конкретни мерки на локално ниво и обезбедување средства од локалната самоуправа за унапредување на пристапот до сервиси за жените и децата жртви на насилство.

Кандидатите треба да потпишат Јавна заложба за унапредување на заштитата на жените и децата жртви на различни форми на насилство, вклучително и семејно насилство.

Ова, како што соопштуваат организаторите, е втора средба со кандидати за градоначалници од предвидените три. Првата беше одржана во Тетово, со кандидатите од Полошкиот регион, каде јавна заложба за унапредување на заштитата на жените и децата жртви на различни форми на насилство, вклучително и семејно насилство потпишаа 10 кандидати за градоначалници на претстојните локални избори.

Оттаму потсетуваат дека на иницијатива на Националната мрежа, на 25 ноември минатата година лидерите на 17 политички партии потпишале Заедничка декларација за спречување и борба против насилство врз жените.

Би можело да ве интересира

Ја принудувал сопругата на сексуални односи, ги тепал и неа и нивните деца, уапсен 45-годишен гостиварец

Притвор за тетовец кој ги тепал сопругата и ќерката и се заканувал дека ќе ги запали

A1on

Двајца синови осомничени за семејно насилство врз своите мајки

Ја тепал со боксови и клоци, се заканувал дека ќе ја запали куќата, Обвинителството бара притвор за гевгеличанец

36-годишен маж од Гази Баба е претепан од партнерката

Кривична пријава за таткото на Меланија за семејно насилство