Средба Вељаноски – Мињон

Од:

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска и утре е домаќин на претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Жан – Клод Мињон. На денешната средба, Вељаноски и Мињон разговарале за актуелната политичка состојба, за завршените локални избори, имплементацијата на Рамковниот договор.

За наметнатиот спор за името од страна на јужниот сосед, претседателот на Собранието Вељаноски истакнал дека тоа е прашање на сопствениот идентитет, од егзистенцијално значење за секој човек и народ.

Претседателот на Собранието Вељаноски, како што соопшти неговиот Кабинет, изразувајќи задоволство од посетата истакнал дека исполнувањето на обврските и заложбите кон Советот на Европа се од суштинско значење за создавањето на демократското општество. Притоа препораките на СЕ секогаш претставуваат израз на поддршката за понатамошен демократски развој, и на овие препораки Македонија секогаш посветува големо внимание.

На средбата станало збор за неодамнешните локални избори, за кои Вељаноски истакнал дека беа организирани на фер и демократски начин, а на кои граѓаните ја изразиле својата слободна волја и направиле избор кој да ги претставува во органите на локалната власт. Мињон во оваа насока истакна дека и тој позитивно го оценува одржувањето на локалните избори кои според неговата оценка поминале без никакви проблеми и во најдобар ред што на Македонија и носи позитивна оценка во Извештајот за напредокот.

Вељаноски потенцита дека токму СЕ беше организацијата преку која започна европско и евроатлантско интегрирање на Македонија – во 1993 година со статусот на специјален гостин на Собранието и потоа од ноември 1995 година како полноправен член. Во 2010 година, дополнил Вељаноски, со првото претседателство со Комитетот на министрите на Советот на Европа, Република Македонија покажа дека е подготвена и дека има капацитет активно да придонесува во решавањето на прашањата со кои се соочува Советот на Европа, застапувајќи ги интересите на 800 милиони европски граѓани. Со оваа оценка целосно се согласил Мињон кој го потенцира високото дипломатско ниво на кое се одвивало претседавањето од страна на Република Македонија.

Од своја страна, претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Мињон, истакнал дека механизмите и инструментите на Советот на Европа сврзани со имплементацијата на конвенциите и повелбите, особено мониторинг процедурата во однос на обврските и задолженијата преземени при приемот, дале резултат и дека е постигнат забележителен прогрес во однос на преземените обврски при приемот во членство.

На средбата, покрај успешно завршените локални избори, станало збор и за имплементацијата на Охридскиот рамковен договор, како и за актуелните политички состојби. На средбата стана збор и околу наметнатиот спор за името на Република Македонија од страна на јужниот сосед, за што претседателот Вељаноски истакна дека е прашање на сопствениот идентитет, прашање од егзистенцијално значење за секој човек и секој народ.

Двајцата соговорници изразиле задоволство од средбата, и надеж дека добрата соработка ќе продолжи, како и верување дека Република Македонија во блиска иднина ќе го финализира пост-мониторинг дијалогот со Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Попладнево Мињон се среќава со координаторите на пртатеничките групи, а утре ќе има обраќање во Собранието и ќе се сретне со државниот врв.

Би можело да ве интересира

Предлог на законот за средно образование по барање на Владата е повлечен од собраниска процедура

Горан Наумовски

Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025

Катерина Ѓуровски

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски