Средба Вељаноски – Берет: Ирска ја поддржува Македонија во напорите да стане дел од ЕУ

Од:

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска во Даблин се сретна со претседавачот на Претставничкиот дом на Ирска Шон Берет.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот на Собранието, на средбата Вељаноски го искажа задоволството од гостопримството и средбата која овозможи искрена размена на информации и мислења за европските интеграциски прашања, за билатералните и другите прашања во функција на натамошно унапредување на вкупните пријателски односи меѓу двете земји.

Претседавачот на претставничкиот дом на Ирска, Шон Берет истакна дека малите земји, како Ирска имаат проблем да најдат сојузници, а така е и со Република Македонија. Тој ја потенцираше поддршката која Ирска и ја даваше и ја дава на Македонија, но сепак изрази жалење што Ирска не можела да влијае на одлуките на другите земји. Берет на средбата истакнал дека од нивна страна нема ништо што би ја сопрело Република Македонија да стане дел од Европската унија и ја истакна поддршката за земјата во напорите да стане дел од ЕУ.

– Односите меѓу Македонија и Ирска се пријателски без отворени прашања и се карактеризираат со поголема динамика од претходно, рече Вељаноски, и притоа искажа благодарност на Ирска која во билатералната комуникација ни се обраќа со уставното име.

Претседателот на македонското Собрание изрази задоволство од соработката меѓу двете земји во контекст на приближувањето на Македонија кон ЕУ и за принципиелниот позитивен став во однос на проширувањето на ЕУ, како и за целосната посветеност и поддршка на Македонија да заокружи еден процес токму во Даблин.

Во главниот град на Ирска, за време на претходното ирско претседавање со ЕУ во првата половина на 2004, беше предадена апликацијата на членство на Република Македонија во ЕУ.

Вељаноски на средбата истакна дека е во интерес и на Грција и заради стабилноста и просперитетот на регионот што поскоро решавање на прашањето за спорот со уставното име на Република Македонија, кој се води под покровителство на Обединетите нации.
Беше потенцирана и потребата од понатамошна продлабочена парламентарна соработка и од користење на можностите кои ги нуди парламентарната дипломатија.

Претседателот на Собранието Вељаноски му упати покана на својот домаќин за возвратна посета на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага

Алиу и Хоџа се дел од еден важен процес на освежување, вели Мицкоски

На собраниската седница во понеделник ќе се дебатира за новите кадровски решенија на Владата

Безбедносната зона околу Собрание не била за да нема протести, туку заштита од градење на приватни субјекти