Средба Таравари – Вајгл – Кукан: Македонија да го фати европскиот воз и да добие отворање на преговорите за членство во ЕУ

Од:

Во рамките на својата дводневна посета на Брисел, градоначалникот на Гостивар истовремено и генерален секретар на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари оствари значајни средби со пријатели на Република Македонија во Европскиот парламент, за да дискутираат за европската агенда на Западен Балкан генерално, и за Македонија одделно.

Таравари се сретна со словенечкиот евро-пратеник Иво Вајгл и словачкиот Едуард Кукан, двајцата членови на Надворешната Комисијата на Европскиот парламент и најгласни евро-пратеници за евро-интеграција на Балканот и на Република Македонија.

На овие состаноци, страните разговараа за политичката ситуација во Македонија и за потребата за забрзување на реформите во следните месеци, со цел Македонија да го фати европскиот воз и да добие започнување на преговорите за членство во ЕУ пред Советот на министрите за надворешни работи на ЕУ од јуни 2018 година. Градоначалникот Таравари истакна дека реформска агенда на владата на Македонија може да се примени и има смисла само ако биде попратена со коренити реформи на партиите од поранешниот режим, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Евро-пратениците Вајгл и Кукан ја поздравија конструктивната улога на Алијансата за Албанците во Владата на Република Македонија и ја нагласија потребата за стабилност во рамките на владејачката коалиција.

На крајот, страните изразија волја за одржување на редовен дијалог во патот на Македонија кон Европската унија.

Би можело да ве интересира

МВР: Украдени 18 килограми злато вредни 1,8 милиони евра од златарница во Гостивар

А1он

Mаскирани разбојници со автоматско оружје ограбија златара во Гостивар

А1он

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Горан Наумовски

МВР: Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ, со што сè треба да се подготват патниците

Горан Наумовски

ЕУ ги менува правилата поради Украина и Молдавија

А1он

Орбан: Западот планира да ја ограби Украина под изговор дека сака да ја заштити