Средба Спасовски-Радев

Од:

Министерот Оливер Спасовски денеска во Струмица, пред започнувањето на заедничката седница на владите на двете земји, одржа работна средба со министерот за внатрешни работи на Република Бугарија Валентин Радев.

На средбата беше потенцирана одличната соработка меѓу двете министерства, а беа разгледани и можностите за дополнително интензивирање на соработката.

Министрите Спасовски и Радев ја потенцираа важноста од интензивирање на активностите околу отворањето на планираните нови гранични премини, особено граничниот премин Клепало-Сандански, со што ќе се овозможи полесна комуникација и движење на граѓаните.

Двајцата соговорници разговараа и за соработката на двете министерства во рамки на меѓународните организации, како и соработката во борбата против сериозниот и организиран криминал, особено кога таквиот криминал поседува елементи на прекугранични активности.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари