Средба Спасовски – Алтхаузер

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се сретна со  амбасадорката на Република Германија Кристине Алтхаузер.  На средбата, како што информираат од МВР, двајцата соговорници разговараа за улогата на МВР во обезбедувањето фер и кредибилни избори на 11 декември и соработката со Државната изборна комисија и Специјалното јавно обвинителство.

Министерот Спасовски, стои во соопштението, ја информирал амбасадорката Алтхаузер дека МВР ќе направи се што е потребно за да можат граѓаните самостојно да ја донесат својата одлука на 11 декември. Исто така, ја потенцирал решеноста дека нема да дозволи  какви било злоупотреби на институцијата од страна на која било политичка партија.

Министерот Спасовски изразил благодарност за досегашната помош и поддршка од страна на Република Германија и изразил надеж дека соработката  меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Сојузното Министерство за внатрешни работи на Сојузна Република Германија ќе продолжи да се одвива во духот на традиционално добрите пријателски односи меѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он