Средба Шекеринска – Парли: Соработка со засилен интензитет

Од:

Ако пред нас има строги правила и критериуми, ние можеме да постигнеме и подобри резултати, порача министерката за одбрана Радмила Шекеринска на одвоената средба со својата француска колешка, Флоренс Парли во седиштето на НАТО во Брисел.

Во контекст на почетокот на преговори за членство во Европската унијата, посочуваат од МО, министерката Шекеринска побара поддршка од Франција, имајќи предвид дека веќе е претставена новата методологија за пристапни преговори, за која Северна Македонија даде поддршка.

На средбата, министерката Шекеринска информираше за усвојувањето на Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор во Собранието, како еден од последните чекори до полноправно членство. Шекеринска изрази задоволство што одбранбената соработка помеѓу двете земји е со засилен интензитет, особено имајќи ги предвид подготовките за учество на припадници на Армијата во европската тренинг мисија во Централно Африканската Република, заедно со припадници на вооружените сили на Франција.

Изразувајќи убеденост во успехот на нашата земја, министерката Парли посочи дека покажаната храброст и начинот на водење политика на решавање на проблемите треба да биде пример за целиот регион.

Состаноците на Северноатлантскиот совет продолжуваат денеска со сесија посветена на растот на буџетите за одбраната на земјите – членки на Алијансата. Во текот на денот, министерката Шекеринска ќе учествува и на состанокот на земјите – контрибутори во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, ќе оствари дополнителни билатерални средби и ќе има и работен ручек со министрите за одбрана од регионот.

Би можело да ве интересира

Петровска: Пристигнато е ново барање од украинска страна за воена помош во моментов се разгледува

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

A1on

Шекеринска – Брнз: С. Македонија и САД споделуваат исти вредности, двете држави испишаа историја

Ана Ололовска

Министерството за одбрана годинава ќе биде домаќин на најголемата конференција за стратегиски комуникации на НАТО

Ана Ололовска

МО: АП „Криволак“ прерасна во современ домашен и НАТО капацитет, во 2022 тука ќе се одржат седум меѓународни вежби со над 5.000 учесници

Ана Ололовска