Средба Шекеринска – Бјорнстад: Очекуваме Македонија во брзо време да ја добие новата Влада!

Од:

Замени претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Норвешка во Р.Македонија, Арни Бјорнстад.

На средбата се разговараше за процесот на обезбедување парламентарно мнозинство за формирање на новата Влада во Македонија.

-Разговорите меѓу СДСМ и партиите кои се очекува да бидат дел од новото парламентарно мнозинство се во завршна фаза. Преговорите за сите прашања се водат исклучиво на основа на Уставот, за тоа постои согласност од сите страни. Очекуваме Македонија во брзо време да ја добие новата Влада, рече заменик претседателката Шекеринска.

Заменик претседателката на СДСМ додаде дека новата Влада ќе биде реформска и ќе овозможи имплементација на Итните реформски приоритети од извештајот на Прибе и на Договорот од Пржино со цел да се обезбедат независни институции што ќе работат во интерес на граѓаните и евро-атлантска перспектива на земјата.

-Мнозинството граѓани гласаа за промени. Граѓаните очекуваат квалитетен живот и развој на Македонија, ние на тоа се обврзавме во Планот за живот и тоа ќе го направиме.

На состанокот се нагласени придобивките за Македонија од големата поддршка на граѓаните на концептот на заедништво. Исто така е истакната потребата од непречено функционирање на СЈО и правдата во Македонија, како определби што произлегоа од мнозинската волја на граѓаните на предвремените избори.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски