Средба Попоски – Филе во Брисел

Од:

Mинистерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски е во дводневна работна посета на Брисел, каде што се одржува Деветтиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу нашата држава и Европската унија.

На состанокот ќе се разговара за билатералните односи помеѓу Македонија и ЕУ во рамките на Процесот за стабилизација и асоцијација, за исполнувањето на политичките и економски критериуми и за хармонизацијата со правото на ЕУ.

Попоски ќе се сретне меѓу другите и со Комесарот за проширување на Европската комисија, Штефан Филе. Освен за развојот од Пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Македонија и Европската унија, Попоски и еврокомесарот се очекува да разговараат за очекувањата од пристапот на новата Влада на Грција кон решавањето на проблемот со името со Македонија, како и за најавената посета на генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун на Скопје, каде се очекува да дојде со посредникот во преговорите Метју Нимиц.

Со овој состанок ќе претседава министерот за надворешни работи на актуелното Кипарско претседателство со Советот на ЕУ, Ерато Козако Маркулис, во име на Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Кетрин Ештон.

Во македонската делегација е и вицепремиерот за европски прашања, Теута Арифи.

Би можело да ве интересира

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби