Средба Димитров-Пејовиќ: Регионот заслужува јасна и дофатлива европска перспектива

Од:

Денеска, министерот за надворешни работи, Никола Димитров се сретна со министерот за европски прашања на Црна Гора Александар Пејовиќ на маргините на регионалната конференција „Градење капацитети и регионална соработка во процесот на европска интеграција на земјите од Западен Балкан”, која деновиве се одржува во Министерството за надворешни работи на Република Македонија.

Фокусот на дискусиите беше ставен врз европската перспектива на двете држави и потребата од заеднички ангажман на патот кон ЕУ. Соговорниците беа согласни дека регионот заслужува јасна и дофатлива европска перспектива и притоа изразија подготвеност за забрзување на реформските процеси и заемна поддршка во таа насока. Притоа беше изразена подготвеност за споделување на научените лекции и експертиза. Беше констатирано дека позитивниот пристап при размената на искуства, како и реформската ориентираност ќе придонесе кон натамошно динамизирање на интегративните процеси.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија