Средба Османи – Која: Истражување на етничките предрасуди во судството

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи оствари средба со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ, Клеменс Која.

Османи и Која разговараа за начинот и методологијата за спроведување на проектот за статистичка и квалитативна анализа на судските одлуки, за утврдување на објективноста на пресудите соодветно на етничката припадност на обвинетите, со цел да се утврди објективноста и неселективноста во работата на судовите.

„Овој проект е особено значаен поради тоа што ќе има исклучителна успешност во утврдување на евентуалните наклонетости и субјективизам на судиите во нашето општество, и претставува основа за адресирање на прашањата за објективно судење, без предрасуди“, истакна Вицепремиерот Османи на средбата, додавајќи дека проектот предвидува статистичка анализа, каде предмет на обработка би биле исти и слични случаи на обвиненија, и би се анализирале висините на пресудите и нивната статистичка поврзаност со етничката припадност на обвинетите.

На средбата, беа отворени темите поврзани со областите на соработка во рамки на проектите финансирани од страна на ОБСЕ, во однос на спроведувањето на Охридскиот рамковен договор за социјална кохезија, формирањето на меѓуетнички совети во општините, организирање јавни дебати кои промовираат општи меѓуетнички прашања и меѓуетничка кохезија, како и евалуација и ревизија на Стратегијата за интегрирано образование.

Исто така, Вицепремиерот Османи и Амбасадорот Која разговараа и за успешно спроведените претседателски избори кои поминаа во фер, демократска и компетитивна атмосфера, како важен израз на политичката и демократската зрелост на државата, при што Османи изрази целосна подготвеност за прифаќање на сите забелешки и препораки од страна на ОБСЕ, обврзувајќи се за нивна навремена имплементација пред одржување на следните избори.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада