Средба Османи – Коѕиас: Може да се откочат процесите со доверба и добра волја

Од:

Заменик Претседателот задолжен за европски прашања, Бујар Османи се сретна со Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, кој е во еднодневна посета на Република Македонија.

На средбата, Османи и Коѕиас разговараа за можностите за унапредување на соработката меѓу двете земји a кои се отворија со новиот политички импулс во односите со соседите кој го донесе новата Влада. На средбата, Османи му го претстави и Планот 3-6-9 на Коѕијас, чија имплементација, како што истакна Османи, е во насока на откочување на процесите поврзани со европската интеграција на Македонија.

Вицепремиерот Османи особено ја истакна успешната билатерална соработка меѓу Македонија и Грција, која е исклучително позитивна во делот на искористување на средствата од ИПА во проектите за прекугранична соработка, како и соработката во рамки на твининг проекти и инструментот ТАЕКС. „Во овој дел, иако постои веројатно и најголем напредок во соработката меѓу двете земји, тоа се сегменти кои сѐ уште имаат и најголем потенцијал за унапредување на меѓусебната соработка, како важен сегмент од изградбата на доверба меѓу двете општества,“ подвлече Османи.

Вицепремиерот Османи изрази задоволство од унапредувањето на меѓусоседската соработка меѓу двете земји, и посочи дека изградбата на довербата не ја гледа само како обврска да се биде добар сосед и пријател, туку и заложба од тоа да произлезе и решение за нашата насушна потреба за членство во НАТО. „Ако ја зачуваме оваа енергија, ако го зачуваме ова ново пријателство, ако ја зачуваме оваа волја која и двете земји овој период јавно ја демонстрираме, решение ќе има“, додаде Османи.

На крајот од средбата двајцата соговорници се согласија дека евро-атлантските интеграции на земјава се единствена алтернатива со која ќе се зајакнат и стабилноста и безбедноста на регионот, како и да се одржи комуникацијата меѓу двете земји со отворен дијалог за партнерство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) На автопат во Грција вози со 310 км/ч, „лудувањето“ го објави на ТикТок

А1он

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

WSJ: Лобист на „Актор“ ја придружувал амбасадорката на САД на состаноци низ Балканот, Гилфојл ја промовирала компанијата

ВИДЕО: Експлозија во центарот на Атина, се урна дел од зграда

Тепачка за лежалка на плажа во Грција – почина 82 годишник

А1он

За смртта на грчкиот пејач Мазонакис двајца лекари обвинети за убиство со евентуална умисла

А1он