Средба на Жерновски со амбасадорите на Турција и Франција

Од:

Градоначалникот на општина Центар, денеска во својот кабинет оствари средба со амбасадорот на Република Турција во Скопје, Н.Е.Тулин Еркал Кара.

Двајцата соговорници разменија мислења за актуелната политичка состојба во Република Македонија.

Заеднички беше констатирано дека мора да се најде решение за надминување на кризата, да се избере претседател на Собранието и да се конституира новата Влада пред која стојат многу итни реформски задачи. Нагласена е одговорноста на сите чинителите на политичките процеси, бидејќи политичката криза го блокира фунционирањето на економијата и бизнис климата во државата.

Градоначалникот Жерновски и амбасадорот Кара ја разгледаа ситуацијата и подобрување на и онака добрите односи меѓу двете држави и можоста за соработката и реализирање заеднички проекти на општина Центар со локалната самоуправа воТурција.

Градоначалникот Жерновски денеска ќе оствари официјален ручек и со амбасадорот на Француската Република, Н.Е. Кристиан Тимоние во неговата резиденција, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар