Средба на Заев со шведскиот амбасадор Матс Стафансон: Само фер и кредибилни избори

Од:

Кризата во земјава треба час поскоро да заврши. Неопходно е обезбедување на владеење на правото и реализирање на регуларни, фер и кредибилни избори преку исполнување на сите услови. Потребна е Влада којашто успешно ќе спроведе фер избори во којашто граѓаните ќе имаат доверба дека ќе ја обезбеди нивната слободна волјата во целост и ќе го гарантира нивното право за слободен глас, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев при неговата средба со
амбасадорот на Шведска во Македонија, Матс Стафансон.

Заев додаде дека за излез од кризата клучно е прочистувањето на избирачкиот список и реформите во медиумската сфера, преку исполнување на обврските што произлегуваат од Договорот од Пржино.

– СДСМ е отворена за дијалог, флексибилно предлага решенија, има иницијатива како да се исполнат сите услови час поскоро, рече Заев.

Владеењето на правото и обезбедување правда и правичност за сите граѓани подеднакво е императив за Македонија.

Оттука, Уставниот суд мора веднаш да се произнесе за уставноста на СЈО. Само на тој начин ќе се отсранат заканите за правниот поредок во Македонија, додаде Заев.

Заеднички беше заклучено дека фер и кредибилни избори се неопходни за Република Македонија да се врати во нормален колосек.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?