Средба на Заев со претставници на Социјалдемократската младина на Финска

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со претставници на Социјалдемократската младина на Финска, коишто се во посета на Р.Македонија.
Централна тема на средбата беше актуелната политичка состојба во Македонија и содржината на договорот од 2-ри јуни/15 јули а се зборуваше и за проблемите со коишто се соочуваат младите во нашата земја.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, рече дека промените коишто ќе следат на изборите 2016 година, по нормализацијата и демократизацијата на Македонија, ќе ги отвори вратите за економски напредок на земјата и подобрување на животот на сите граѓани, пред се’ на младите.

Заев рече дека само со имплементацијата на сите сегменти од Доворот може да се создадат услови за норламализација на институциите и одржување на фер и демократски избори во Македонија.

„По изборот на Специјалниот јавен обвинител поставен е темелот, дадена е шанса за постепено враќање на правото и правната држава. Очекуваме сериозен исчекор во однос на постапките за содржината од незаконското прислушување коишто ќе гарантираат владеење на правото за сите, вклучително и за највисоките претставници на власта.“ рече Заев.
Претседателот Заев додаде дека разговорите за лошата состојба во медиумите и за реформите во изборното законодавство треба да резултираат со навремен и квалитетен договор меѓу власта и опозицијата во интерес на граѓаните.

„Реформите во изборното законодавство, избирачкиот список и состојбата во медиумите се следните прашања коишто се клучни за слободни и фер избори, но и за објективно и професионално информирање на граѓаните.“ рече Заев.

На средбата со младите Социјалдемократи од Финска се разменија и мислења за можностите земјава повторно да се врати на патот на евроинтеграциите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димковски: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено

СДСМ: Кој ќе одговара што институциите не ги предупредија луѓето, ги оставија да дишат штетни отрови и не ги евакуираа?

Филипче: Во Кочани, кај семејствата, полицајци, влегуваа кај семејствата после пожарот, да нема протести, да нема никаква организација

СДС наместо да ја пофали мерката за 400 пожарникари, ја злоупотребува за политичка кампања, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Кузеска: Време е власта да одговара и за пожарите и за еколошката катастрофа

Вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски