Средба на Заев со генералниот директор за европска соработка на Холандија, Роберт де Хроут  

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со Роберт де Хроут, Генерален директор за европска соработка и заменик-министер во Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија.
 
На средбата се зборуваше за актуелната политичка состојба во земјава и продлабочувањето на кризата по одлуката за аболиција од страна на Ѓорге Иванов, како и едностраните одлуки на владејачката коалиција.
 
Претседателот Заев рече дека СДСМ останува на принципиелните ставови и посветена е на процесите за враќање на слободата, демократијата и правдата во Република Македонија.
 
„Во Македонија мора да се вратат правдата, слободата, демократијата, владеењето на правото и европските вредности. Секој што го прекршил законот мора да одговара, тоа е демократско начело. Тоа е можно единствено преку целосно поништување на одлуката на Иванов за аболиција и организирање на слободни, фер, демократски и кредибилни избори, со целосно исполнување на условите. Аболицијата мора да се укине за сите, а не само за поединци“ рече претседателот Заев.
 
Само со целосно прочистување на избирачкиот список, реформи во медиумите и одвојување на државата од партијата може да има регуларни избори во земјава, додаде Заев. 
 
„Едостраните одлуки ја усложнуваат длабоката политичка криза. Но немаме дилеми. Се потврди и досега дека сите еднострани одлуки ВРМО-ДПМНЕ и ДУИ сами си ги погазуваат. Така ќе биде овој пат. Ние нема да дозволиме никој да ја држи во заложништво иднината на Македонија “ додаде претседателот Заев.
 
Хроут и Заев се согласија дека Македонија што поскоро треба да го продолжи патот кон ЕУ и НАТО, а тоа е возможно исклучиво преку слободни, фер и деморкатски избори.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело